Во тек е сезоната на јагоди а џемот од јагоди е едноставно неодолив, а ретко кој може да застане на само една кафена лажичка. Одличен е и како состојка за многу колачи, а по древниот рецепт кој е пред вас ќе го направите за кратко време, многу едноставно и без мака.
Потребни се само 3 состојки:
1 кг јагоди
600 гр шеќер
Поврзани објави
сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
Најпрво добро измијте ги, а потоа во тавче наредете ги јагодите во еден ред и посипете ги со шеќер. Оставете ги да отстојат еден час. Потоа ставете ги на шпорет и варете околу половина час на највисока температура.
Ќе забележите дека се појавува пена при готвењето, треба постојано да ја отстранувате со лажица. Мешајте додека не зовријат јагодите и не се раствори шеќерот, а потоа намалете ја топлината и оставете да се крчка нежно додека не ја добиете саканата конзистентност на џемот. Кон крајот на готвењето, додадете сок од лимон и тргнете ја тавата од шпоретот. Оставете го џемот да се излади, па истурете го во стерилни тегли.
Свртете ги теглите наопаку и оставете ги така да стојат до следниот ден. Чувајте ги на ладно место.