Почетна Убавина и здравје„Тоа е како да му дадете на другар ви да го провози вашиот автомобил“ – Убавина и здравје

„Тоа е како да му дадете на другар ви да го провози вашиот автомобил“ – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Завладеа нов бизарен тренд во светот: „хотвајфинг“

Станува збор за вид на фетиш каде што сопругот ѝ дозволува на својата атрактивна сопруга да спие со друг маж, додека тој ги гледа.

„Тоа е како кога ќе му дадете на другар ви да го провози вашиот автомобил“, објаснува Логан.

„Тој гледа колку е добар, но мора да го врати назад. Тоа предизвикува чувство на гордост. Му дава мала претстава за тоа каков е мојот живот.“

Се повеќе двојки влегуваат во индустријата за филмови за возрасни во рамките на експеримент, кој, како што тврдат, ги зацврстува нивните бракови. Група мажи се здружиле на платформата Wifey, за да можат нивните сопруги да имаат секс со професионален порно-актер пред камери, следејќи го новиот тренд познат како „хотвајфинг“.

Една од двојките што го имаат прифатено овој тренд се Сиера и Логан, кои веќе две години практикуваат „хотвајфинг“ и го снимаат тоа како филмови за возрасни.

Во новиот филм за возрасни, Сиера имала односи и со српскиот порно-актер Милан Поњевиќ, попознат како Ланми Мајами.

Втората двојка, Алекс и Ребека, влегле во светот на „хотвајфинг“, бидејќи Алекс сакал да си ја оствари фантазијата да ја гледа својата сопруга со двајца мажи истовремено.

„Оваа динамика внесе потполно ново ниво на сигурност и доверба во нашата врска“, објаснува Ребека.

„Нема ништо поубаво од тоа да го споделите ова искуство со личноста што ја сакате, а да знаете дека тоа на ниту еден начин нема да го наруши вашиот однос. Всушност, нашата врска стана посилна. Звучи чудно, но јас сега го сакам повеќе од кога било претходно.“


Поврзани објави

Друга двојка, Даниел и Ричард, отишле чекор подалеку, па Даниел ќе има секс со петмина мажи, додека ја носи својата венчаница.

„Ќе ја видам мојата сопруга обесчестена онака како што не сум ја видел никогаш претходно – во венчаница, за да биде целата сцена уште поинтензивна. Ја обожавам таа комбинација: прекрасна, невина невеста во венчаница, мојата сопствена сопруга, потполно уништена“, додава Ричард.

„Секогаш кога поминуваме низ искуство со ‘хотвајфинг’, тоа само поставува нов темел на љубов и доверба што нѐ прави посилни.“

Една од најпознатите учеснички во овој експеримент била поранешната заменичка на шерифот во Колорадо, Шенон Лофланд, која била отпуштена откако се открило дека се занимава со снимање филмови за возрасни.

Сега се појавува под уметничкото име LorReign, а нејзиниот сопруг ја снима додека има односи со порно-актерот Џекс Слејер, користејќи само ајфон.

„Сакаме да дадеме увид во овој стил на живот и да покажеме дека партнерите можат да останат длабоко вљубени и силни, дури и кога имаат сексуални искуства со други партнери“, објаснува Шенон.

„Сѐ се сведува на доверба, комуникација и заеднички искуства. Ние сме исти како и секој друг пар, само одлучивме да го прифатиме овој дел од нашата врска. Можев да ја почувствувам безусловната љубов и поддршка на мојот сопруг. Ова беше единствено искуство за двајцата и само дополнително го зацврсти нашиот однос.“

ФОТО: Womanizer Toys / Unsplash