Почетна Убавина и здравјеСтилистите издвојуваат 3 модела што ќе доминираат цела сезона – Убавина и здравје

Стилистите издвојуваат 3 модела што ќе доминираат цела сезона – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Популарните чизми што сите ги обожававме сега паѓаат во втор план

Според стилистката Лина Алсулејман, познатите чизми УГГ веќе нема да бидат модерни и заминуваат во втор план.

Таа истакнала за „Бизнис инсајдер“ дека генерацијата З го вратила овој популарен модел од 2000-тите во мода, но сега побарувачката за овие обувки значително опаднала.

Во овој момент постојат други модели на обувки што им го привлекуваат вниманието на трендсетерките.

Оваа сезона, дамите претпочитаат попрефинети модели, додека практичноста и топлината на чизмите заминува во втор план. Естетиката има предност и ги поттикнува луѓето да го следат внатрешното чувство кога станува збор за облеката, наместо логиката.

Како што тврди Лина, класичните мокасини се искачуваат на пиедесталот и добиваат сѐ поголема популарност.

„Овие софистицирани обувки ја подигнуваат секоја облека на повисоко ниво, без разлика дали носите лежерни фармерки или класични панталони“, истакнала стилистката.


Поврзани објави

Покрај класичните мокасини, познатите „Мери Џејн“ чевли повторно го освојуваат модниот свет оваа зима, барем според тврдењата на стилистката Дизајер Миранда.

Кога станува збор за високите потпетици, овој пат трендсетерките се одлучуваа за попрактични модели и одбираат „китен“ (ниски) потпетици наместо вртоглаво високи.

„Овие ниски, тенки потпетици даваат висина, без да предизвикаат непријатност како што го прават тоа високите потпетици. Токму затоа, тие се идеални за долгите зимски денови и ноќи“, истакнала стилистката.

Како што стојат работите, оваа сезона нема да обрнуваме внимание на снегот, дождот и ветерот, туку исклучиво на естетиката. Но дали и вие сте подготвени да се впуштите во ваков подвиг? Изгледа дека само најсмелите дами ќе го сторат тоа.

ФОТО: Syd Wachs / Unsplash, Пинтрест