Пејачот тврди дека никогаш не бил во врска со колешката, но признава дека имало искри меѓу нив.
Халид Муслимовиќ во гостување кај Огњен Амиџиќ прозборе за шпекулациите дека со колешката Злата Петровиќ бил повеќе од пријател.
Злата претходно изјави дека со Халид живееле заедно и дека тој отворено ѝ кажувал како се чувствува. На овие наводи пејачот одговори:
Чуј, заедно… Да сме живееле заедно, немаше да ѝ изјавувам љубов, тоа не оди едно со друго. Работевме многу, често бевме на истите турнеи. Од љубов – ништо, бевме добри пријатели“ – рече Халид.
Сепак, призна дека имало „малку варници“.
Поврзани објави
Можеби имало некои желби од двете страни, ама тоа беше САМО таков момент“ – додаде тој низ смеа.
Во истата емисија, пејачот уште еднаш се пошегува на своја сметка, откривајќи дека во младоста имал голем број љубовни авантури:
Не сум броел… Бев млад, популарен, малку и луд. Понекогаш со моја, понекогаш без моја волја… да биде ноќта исполнета“ – изјави Муслимовиќ.
Инаку, пејачот во ноември ќе одржи голем концерт во Белград.
Printscreen/Youtube/Amidži šou