Почетна Убавина и здравјеТотално се различни, но еднакво удобни и – ќе ги сакате! – Убавина и здравје

Тотално се различни, но еднакво удобни и – ќе ги сакате! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Есенските трендови веќе се истакнаа, акцентот е ставен на смелите комбинации, а како главна боја се издвојува бордото. Кога се чевлите во прашање, покрај кломпите кои се вратија, се издвојуваат уште два модели кои се во целосен контраст.

Доколку сте љубители на удобни чевли, тогаш изберете рамни чевли како оксфортки, патики или балетанки, а последниве, како и моторџиските чизми се најголемиот тренд на новата сезона. Есенските обувки треба да бидат удобни, а токму тоа го обезбедуваат овие два, тотално спротивни модели.

Балетанки

Балетанките пред 2 години ги популаризираше Софија Ричи, а оваа есен се носат во различни варијанти. Таканаречените балетанки од велур, моделите на Мери Џејнс со ремче и балетанки со светки ги преплавија новите колекции.


Поврзани објави

Балетанките одговараат на речиси со секоја облека и на комбинацијата ѝ даваат допир на елеганција и софистицираност.

Моторџиски чизми

Модната куќа Миу Миу минатата година на својата ревија најави враќање на моторџиските чизми, а ние толку многу се радуваме што ќе се носат и оваа сезона.

Ги има во различни варијанти, кратки или високи, а често се украсени со низа метални ремени и токи, кои им даваат вамп-изглед.

Удобни се и практични, а идеални се и кога деновите стануваат малку постудени.

Фото: Инстаграм