Никол Кидман открила дека ги чува своите фустани од црвениот килим за своите ќерки: „Тие не се само фустани, тие се музејски експонати“
Иако ѕвездите се познати по тоа што не ги повторуваат своите модни комбинации и најчесто ги носат само еднаш и никогаш повеќе, Никол Кидман ги чува своите фустани што ги носела на црвениот килим.
Актерката во едно интервју открила дека планира да ги задржи сите фустани што ги носела на црвениот килим за своите две ќерки Фејт (14) и Сандеј (16), кои ги добила со сопругот Кит Урбан.
Поврзани објави
„Постојано влегуваат во мојот плакар. Јас им велам: ‘Во ред, тоа што е мое, и твое е’. Но јас не влегувам во нивниот плакар. Дури и ако си помислам за нешто ‘Леле колку е слатко’, не смеам ништо да земам. Тоа е еднонасочна размена“, открила Кидман.
Покрај Сандеј и Фејт, Кидман е мајка и на ќерката Бела (31) и синот Конор (29), кои ги дели со поранешниот сопруг Том Круз.
Во октомври Сандеј учествувала на својата прва модна ревија за „Миу Миу“ пролет/лето 2025, за време на модната недела во Париз. По шоуто, интервјуто со тинејџерката за „Вог“ стана вирално откако гледачите се изненадија од нејзиниот акцент, кој имал благ јужњачки и австралиски призвук.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @nicolekidman