професионалниот, социјалниот и политичкиот живот. Само со заеднички ангажман
можеме да создадеме општество каде секој поединец, без разлика на полот, има
еднакви можности и се почитува за неговиот/нејзиниот придонес.
Затоа, го охрабрувам ова тело во идните активности и заложби за унапредување на
правата и јакнење на демократијата, да вклучи што повеќе мажи, било да се
пратеници, експерти, претставници на институции, професори или обични граѓани.
Нивниот придонес може да биде клучен во создавањето на совршено законодавство
Што се однесува до Собранието, можете да бидете сигурни дека ние ќе продолжиме
да ја поддржуваме во секоја форма, секоја иницијатива која служи за унапредување
на родовата еднаквост, вклучително и создавање услови за обезбедување еднакво
учество на жените во процесите наодлучување или зајакнување на можностите за
жените во различни општествени и научни области.
Ијас, како претседател на Собранието, останувам целосно посветен на
унапредување на законодавството кое ги гарантира правата на жените и, пред сè,
обезбедува ефикасна заштита од секаков облик на дискриминација и насилство врз
жените.
Но, за да ги постигнеме овие цели, сакам да повторам дека потребна е инклузивност
и соработка помеѓу сите актери–мажите и жените, Собранието и Владата,
организациите и медиумите–бидејќи сите без исклучок имаат должност и во овој
процес.
Денес, со конституирање на ова тело, Собранието отвора ново поглавје на
институционална заложба во реализирањето на овие цели. Клуботна пратенички е и
ќе биде голема поддршка за секоја иницијатива и акција која ќе донесе позитивни
промени во нашето општество.
Мојата главна порака е до вас, почитувани пратенички: вие сте главните чинители на
оваа кауза, и затоа ве охрабрувам да продолжите со вашата работа и посветеност,
општеството. Затоа што, како што вели една позната поговорка, „Секогаш кога
жената се бори за себе, таа се бори и за сите други жени.“
Но, на оваа поговорка што ја споменав, мислам дека и недостасува еден дел: „Кој се
бори за жените, се бори за човештвото. “И поради оваа причина, составот на ова
тело, важноста на овој настан и благородноста на оваа кауза се неспоредливи.
Мене ми останува само да ја изразам мојата почит и благодарност, па затоа мојот
говор ќе го завршам со благодарност и со желби за успех во новиот период на
нашата заедничка заложба за еднаквост и правда!


