Почетна Убавина и здравјеТејлор Свифт исвиркана на Супербол, Доналд Трамп ја исмеа поради тоа – Убавина и здравје

Тејлор Свифт исвиркана на Супербол, Доналд Трамп ја исмеа поради тоа – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Тејлор Свифт присуствуваше на финалниот натпревар на американската Национална фудбалска лига и го поддржа своето момче Тревис Келси, кој игра за тимот на Канзас Сити Чифс.

Сепак, нејзиното присуство предизвика негативни реакции од страна на публиката, која ја исвирка во моментот кога пејачката се појави на големиот екран. Присутните во стадионот почнаа да извикуваат „бууу“, а реакцијата на Свифт, која се обиде да ги изигнорира со насмевка, бргу почна да се шири на социјалните мрежи.

 


Поврзани објави

Американскиот претседател Доналд Трамп не остана рамнодушен и со објава на неговата платформа Трут сошл го искоментира тоа што пејачката беше исвиркана.

„Единствената што имаше потежок настап од Канзас Сити Чифс беше Тејлор Свифт. Ја исвиркаа од стадионот. ‘Повторно да ја направиме Америка величествена’ („Make America Great Again“) не простува!“, напиша Трамп, алудирајќи на движењето, кое тој го предводи.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин