Почетна ТехнологијаТешко повреден 52-годишен маж откако паднал од мотор во Кавадарци

Тешко повреден 52-годишен маж откако паднал од мотор во Кавадарци

од nenad
1 минути читај за




Педесет и двегодишен маж е тешко повреден откако паднал од мотор вчера во Кавадарци. „Вчера во 18.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Минчев“ и улица „Методија Андонов Ченто“ во Кавадарци, Ќ.Р.(52) од с.Марена, кавадаречко, управувајќи мопед „кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.