Table of Contents
Не постои човек што не сака уштипци и ретко кој може да изеде само еден или два
Како предлог за совршен оброк, ви го откриваме најдобриот рецепт за уштипци од нашите искусни баби кој ќе го воодушеви секој што ќе го проба. А покрај тоа, ќе ви откриеме трик како да не ви впијат многу масло додека ги пржите.
Состојки:
- 250 мл кисело млеко
- 4 јајца
- 12 лажици бело брашно
- 10 г прашок за печиво
- 2 дл масло
Приготвување:
Поврзани објави
Изматете јајца што стоеле на собна температура и измешајте ги со кисело млеко. Добро промешајте, па додавајте брашно лажица по лажица и прашок за печиво. Оставете да отстои така околу 10 минути и промешајте.
Загрејте масло во длабок сад за печење или во тавче. Маслото мора да биде врело за да не впијат уштипците масло.
Вадете ги уштипците со лажица и пржете ги додека позлатат. Немојте да пржите многу уштипци во садот одеднаш за да не се намали температурата на маслото.