Денеска подготвуваме брзо, лесно и евтино летно јадење, а тоа се тестенини со зеленчук. Не само што е вкусно, туку и многу здраво. Не ви требаат многу пари или време за да ги подготвите, за половина час се готови!
Состојки:
Поврзани објави
1 пакување тестенини по избор
1 голем домат
1 мала тиквичка
1 мал модар патлиџан
2 пиперки
1 голем кромид
3-4 чешниња лук
150 мл варени домати
2 лажици масло
1/2 лажичка пиперка
малку лута пиперка
сол и бибер по вкус
малку свеж босилек
сирење по избор
Подготовка:
Сварете ги тестенините во зовриена солена вода. Исплакнете под ладна вода и исцедете ги.
Загрејте го маслото на средна температура и пропржете го ситно исечканиот кромид додека не стане проѕирен.
Додадете ситно сечкан лук, излупени и исечкани домати, тиквички исечкани на коцки, пиперки исечкани на коцки и модар патлиџан.
Гответе го зеленчукот додека не омекне. Потоа додадете варени домати, сол и бибер. Кога сосот ќе се згусне, додадете ги сварените тестенини и измешајте.
Послужете ги тестенините и посипете ги со рендано сирење или пармезан и свеж босилек.