Table of Contents
Емотивното збогување на Кристијано Роналдо со португалскиот национален тим и луксузната автомобилска достава што ја покажа неговата сопруга Георгина Родригез се случија истиот ден. Нејзината објава веднаш привлече внимание на социјалните мрежи.
Додека милиони фудбалски навивачи ги следеа емотивните зборови со кои Кристијано Роналдо ја објави својата одлука да стави крај на репрезентативната кариера, неговата сопруга Георгина Родригез имаше поинаква причина за славење. Таа на Инстаграм објави видео од моментот кога пред нивниот дом пристигнува нов луксузен автомобил – Range Rover.
Кога ќе ти стигне достава дома“, напишала Георгина покрај снимката, на која се гледа како возилото пристигнува директно пред нејзината куќа.
Автомобилот привлекува внимание со својата златна нијанса и впечатливи детали, а според дел од медиумските извештаи, станува збор за „ренџ ровер“ во ексклузивната боја Batumi Gold. На снимката се забележува и регистарска табличка со нејзиното име.
Не е познато дали станува збор за подарок или за автомобил што самата го нарачала, но објавата брзо предизвика реакции, особено поради моментот во кој беше споделена.
Роналдо ја заврши 23-годишната репрезентативна кариера
На 5 ноември 2026 година, Кристијано Роналдо објави дека се повлекува од португалската репрезентација, ставајќи крај на една од најимпресивните меѓународни фудбалски кариери.
Во емотивно видео објавено на социјалните мрежи, 41-годишниот фудбалер прочита писмо во кое се потсети на патувањето што започнало во август 2003 година, кога за првпат го облекол дресот на Португалија.
Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7 на нашата репрезентација. Никогаш не чувствував дека ми припаѓа само мене. Но цели 23 години ја имав привилегијата и одговорноста да го носам, да го бранам и да го носам со себе на стадионите ширум светот“, порача тој.
Роналдо призна дека одлуката не била лесна, бидејќи зад него остануваат повеќе од две децении исполнети со натпревари, голови, рекорди и трофеи.
Денес дојде моментот да го предадам на идните генерации. Не беше лесна одлука, бидејќи некои одлуки не се носат само со разумот – тие се носат и со срцето“, напиша фудбалерот.
Рекорди што ќе останат запишани во историјата
Роналдо ја завршува репрезентативната кариера со неверојатни 234 настапи и 146 постигнати голови за Португалија – рекорди во машкиот меѓународен фудбал.
Со националниот тим ја освои Европската титула во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година. Дополнително, стана првиот фудбалер што постигнал голови на шест различни Светски првенства.
Во прошталната порака не заборави да им се заблагодари на соиграчите, тренерите, соработниците и навивачите, но посебно место им посвети на најблиските.
До моето семејство – ви благодарам што го споделивте овој сон со мене. Ви благодарам што ги разбравте отсуствата, жртвите и моментите кога репрезентацијата мораше да заземе простор што му припаѓаше и на вашето време“, порача тој.
Иако се повлекува од националниот тим, Роналдо продолжува да игра клупски фудбал за саудискиот Ал Наср.
Луксузот е дел од секојдневието на Георгина
Георгина Родригез одамна е позната по љубовта кон луксузната мода, скапите автомобили и впечатливите модни додатоци. Нејзиниот живот со еден од најпознатите фудбалери во светот редовно привлекува внимание, а секоја нова објава предизвикува голем интерес кај следбениците.
Токму затоа, видеото со новиот „ренџ ровер“ брзо се прошири на интернет. Интересно е што нејзината објава се појави во еден од најемотивните денови во кариерата на Роналдо, кога светот се простуваше од неговите настапи во дресот на Португалија.
Сепак, за фудбалерот ова не е крај на спортската кариера, туку затворање на едно големо поглавје. А за Георгина , новиот автомобил е уште еден повод да сподели дел од својот гламурозен секојдневен живот.
Фото и видео: Инстаграм