Table of Contents
Годината што ја тресе музичката сцена – преку музика, криминал и приватни афери.
Во 2025 година, регионалната естрада ја покажа својата најбурна страна – од љубовни драми што прераснаа во јавни инциденти, преку физички пресметки и полициски интервенции, до провокативни фотографии и контроверзни афери што предизвикаа жестоки реакции кај јавноста.
Ана Николиќ и Рале – љубовна драма што не стивнува
Една од најгласните случки ја направија Ана Николиќ и композиторот Горан „Рале“ Ратковиќ. Нивната бурна врска, со чести расправии и примирја, достигна врв кога Ана го пријави Рале за насилство во неговиот дом, по што му беше издадена забрана за приближување. Подоцна, парот се смири, но скандалите продолжија и во Дубаи, кога Ана тврдеше дека Рале ја оставил без пари, а потоа следеше уште една жестока расправија во студио што заврши со интервенција на полицијата.
Аца Лукас на удар поради фотографија со Насер Ориќ
Познатиот пејач Аца Лукас се најде во центарот на бурна афера откако се појави неговата фотографија со Насер Ориќ, поранешен командант на Армијата на Босна и Херцеговина за време на конфликтите во Сребреница. Фотографијата предизвика остри реакции и откажување на неколку концерти, иако Лукас тврдеше дека не знаел со кого се фотографирал.
Цеца со бугарско знаме на концерт во Македонија
На концерт во Македонија, Светлана Цеца Ражнатовиќ ненамерно се завитка со бугарско знаме, што предизвика негодување и свиркање кај дел од публиката. Иако нејзините намери не биле лоши, гневот не стивна и таа мораше да се повлече од сцената.
Поврзани објави
Контроверзен концерт на Томпсон во Загреб
Концертот на Марко Перковиќ Томпсон, познат по ултра-десничарските и контроверзни песни, предизвика остри критики во Хрватска. Многумина го оценија како непримерен настан, особено поради идеолошките пораки во неговите песни.
Аферата со Вујадин Савиќ
Поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ беше вклучен во афера кога трансродна личност беше уапсена под сомнение за измама и уцена, барајќи му 50.000 евра за необјавување на приватните снимки. Овој случај, полн со шокантни детали, привлече големо внимание во јавноста.
Физички напад врз Сашa Мирковиќ
Продусентот Саша Мирковиќ беше нападнат во Загреб во сериозен инцидент пред хотел, што отвори нови прашања за проблемите зад сцената и неразјаснетите бизнис-односи во естрадата.
2025 година сигурно ќе остане запаметена како една од најтурбулентните години на музичката сцена, каде што границите меѓу музиката, политиката, криминалот и љубовните драми практично се избришаа.