Поранешна учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ открива семејна врска со Брена – но никогаш не ја запознала
Поранешната натпреварувачка на „Ѕвездите на Гранд“, Лејла Захировиќ, изненади со исповед во која открива дека е во роднинска врска со легендарната пејачка Лепа Брена, но дека никогаш не ја сретнала. Иако ја посакувала таа средба, судбината сè уште не ѝ ја овозможила.
Татко ми и бабата на Брена се братучеди. Ние сме трето или четврто колено. Јас го познавам нејзиниот брат Фарук, со него сум била во контакт,“ изјави Лејла Захировиќ во емисијата „Исповед“.
Единствениот член од семејството Живојиновиќ кој го запознала бил Стефан, синот на Брена.
Поврзани објави
Лејла објаснува дека Брена никогаш не присуствувала на снимањата на музичкото шоу, ниту на други емисии во кои таа настапувала. Сепак, не ја крие желбата еден ден да ја сретне жената која, според неа, има кариера за почит и огромно музичко влијание на Балканот.
Лепа Брена, инаку, потекнува од скромно семејство од Брчко, каде што пораснала како најмладо дете. Иако постигна импресивна кариера, пејачката повеќепати изјавила дека семејството ѝ е најголем успех – дали во иднина ќе се случи и средба со Лејла, останува да видиме.
printskrin Youtube-k1 televizija lepa brena