Почетна ЕкономијаФОТО: Исчезнат Македонец по пожар во Швајцарија – семејството бара помош

ФОТО: Исчезнат Македонец по пожар во Швајцарија – семејството бара помош

од nenad
1 минути читај за

Семејството и пријателите упатуваат итен апел до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски, македонски државјанин кој се наоѓал во Швајцарија за време на пожарот што избувна на 31 декември.

Според досегашните информации, Стивен последен пат бил виден за време на пожарот во барот „Ла Констелејшн“ (La Constellation), кој се наоѓа во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана.

Неговите блиски информираат дека во моментот на исчезнувањето бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што се гледа на објавените фотографии. Можно е со себе да ги имал и карактеристичните очила за сонце што ги носи на сликите.

Семејството апелира до сите кои можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација, вклучително и дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:

📞 076 415 0868
📞 076 385 7165
📞 078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар во Швајцарија. Доколку некој има информации или го има видено, ве молиме да нè контактира“, стои во апелот објавен на социјалните мрежи.