Хана Икодиновиќ, 18-годишната ќерка на Наташа Беквалац и Даниел Икодиновиќ, ќе започне студии на престижен универзитет во Мадрид од септември.
Хана Икодиновиќ, ќерка на популарната пејачка Наташа Беквалац и поранешниот ватарполист Даниел Икодиновиќ, ќе се пресели во Мадрид за да започне студии на престижен универзитет. Од септември, таа ќе живее во шпанската престолнина, каде ќе студира на факултет чија годишна школарина изнесува 15.000 евра.
За да се подготви за животот во Шпанија, Хана веќе неколку месеци посетува приватна школа за шпански јазик во Белград. Таа активно работи на усовршување на своето знаење на јазикот, што ќе ѝ помогне да се адаптира на новото опкружување и да ги започне студиите за кои долго време сонува.
Поврзани објави
Изворите наведуваат дека Хана е возбудена поради преселбата во Мадрид и веќе има пријатели во градот кои ќе ѝ помогнат при адаптацијата. Нејзините родители, Наташа и Даниел, се горди на нејзините успеси и ја поддржуваат во оваа нова животна фаза.
Оваа преселба претставува значаен чекор во животот на Хана Икодиновиќ, која покрај тоа што е позната во јавноста, сега ќе се фокусира на своето образование и личен развој во странство.
printskrin Youtube-bekvalac