Креатинот е оној волшебен бел прав што нуди многу придобивки за здравјето. Но што е вистина, а што заблуда?
1. Може да ви помогне да ги остварите вашите фитнес-цели – ВИСТИНА.
Жените не го внесуваат доволно преку исхраната, а истражувањата покажуваат дека е ефикасен при тренинг со висок интензитет.
2. Помага за слабеење – НЕ БАШ.
Поврзани објави
Неговото влијание врз килограмите е индиректно, така што помага да се одржи нивото на тренингот и со тоа ја зголемува мускулната маса.
3. Ја подобрува функцијата на мозокот – ДА!
Му помага на фронталниот кортекс да врши когнитивни функции, како што се учењето и помнењето. Помага и во ослободувањето од мозочна магла.
Текст: Марија Лукаревска