Иако влезе во 49-тата година од својот живот, на незаменливиот актер Леонардо Ди Каприо никоја девојкажена не може да остане рамнодушна. Ги освои симпатиите на многумина уште на самиот почеток од својата кариера, а познатиот актер има и големи планови за следната година.
Во интервју за ABC News Леонардо откри што сака да постигне пред да наполни 50 години следната година.
„Знаеш што? Само уште еден филм”, рече Ди Каприо, надевајќи се дека ќе се врати пред камера за уште една улога. „Уште еден филм“.
Пред тоа, Ди Каприо и Крис Конели разговараа за тоа колку брзо минуваат годините.
Поврзани објави
„Имаш 49 години. Како по ѓаволите се случи тоа?” се задеваше Конели, кој често го интервјуираше Ди Каприо.
„Немам поим“, одговори Ди Каприо потсетувајќи: „Разговаравме за нашето прво интервју, тоа можеби беше пред 30 години“.
Во меѓувреме, животот на Ди Каприо надвор од екранот изгледа многу убав и интересен. Својот последен роденден го прослави во Беверли Хилс на 11 ноември, а покрај него беше италијанската манекенка Виторија Серети и мноштво познати пријатели.