Почетна Убавина и здравјеТајната е во ЕДНА состојка – Убавина и здравје

Тајната е во ЕДНА состојка – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви откриваме рецепт за професионално тесто од кое излегуваат тенки, меки и еластични палачинки

Постои голема разлика меѓу обичните домашни палачинки и оние тенки, меки и еластични што можеме да ги добиеме во добри палачинкарници. Тајната не е во комплицираната подготовка, туку во вистинскиот сооднос на состојките и еден чекор што многумина го прескокнуваат.

Со овој рецепт, смесата ќе ви биде мазна и лесно ќе се разлева по тавчето, додека палачинките ќе останат меки и еластични дури и кога целосно ќе се оладат.

Најважен е односот на млеко и кисела вода. Млекото дава мекост и вкус, додека киселата вода помага палачинките да бидат лесни и нежни. Маслото во самото тесто овозможува подоцна да се печат речиси без никакво дополнително подмачкување на тавчето.

Редете ги готовите палачинки една врз друга и покријте ги со чинија или чиста кујнска крпа. Така, ќе ја задржат пареата и ќе останат меки и еластични дури и кога ќе се оладат.

Состојки:


Поврзани објави

  • 3 јајца
  • 250 г мазно брашно
  • 500 мл млеко
  • 200 мл кисела вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици масло
  • 1 лажиче екстракт од ванила, по желба
  • малку масло за тавчето
Приготвување:

Изматете јајца со шеќер и сол, додајте половина од млекото, а потоа постепено додавајте просеано брашно. Мешајте додека добиете потполно мазна смеса без грутки.

Сипете го преостанатото млеко, маслото и на крајот, киселата вода. Тестото треба да биде прилично ретко и лесно да се разлева по тавчето. Ако изгледа прегусто, додајте уште малку кисела вода.

Следува најважниот трик: оставете ја смесата околу 30 минути на собна температура. Брашното целосно ќе ја впие течноста, а палачинките ќе бидат поеластични и помалку ќе се кинат.

Многу малку премачкајте го тавчето со масло пред првата палачинка. Сипете мала лажица тесто и брз вртете го тавчето за да добиете што потенок слој. Печете околу една минута од едната страна и 20-30 секунди од другата страна.