8
Адријан Гаџа сподели прекрасна животна вест – тој и неговата избраничка станаа родители.
Среќната информација пејачот ја откри преку објава на социјалните мрежи, каде објави емотивни фотографии со кои ја израдува јавноста и своите следбеници. На фотографиите се гледа малото бебешко раче, а честитките и убавите желби веднаш почнаа да се редат под објавата.
„Добредојде свету мој“, напиша тој.
Поврзани објави
Пријатели, колеги и фанови му посакаа многу љубов, здравје и незаборавни моменти во новото животно поглавје.
Честитки до среќните родители!
Фото: Инстаграм Принтскрин