Почетна БалканПосебен сообраќаен режим од денеска до сабота во Скопје – Курир

Посебен сообраќаен режим од денеска до сабота во Скопје – Курир

од nenad
1 минути читај за
Посебен сообраќаен режим од денеска до сабота во Скопје

Министерство за внатрешни работи

Во Скопје од денеска до сабота, 13 јануари, ќе има посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Извор : Kurir.mk

Посебен сообраќаен режим од денеска до сабота во Скопје