Почетна Убавина и здравјеТаткото е најважната машка фигура во животот на една жена

Таткото е најважната машка фигура во животот на една жена

од nenad
1 минути читај за

Родителите се најважните луѓе во животот на детето. Тие нè создаваат, нè воведуваат во овој свет и се што е во него, нè воспитуваат, ни помагаат да ги надминеме нашите стравови, играат активна улога во обликувањето на нашата личност и создавањето на сопствен свет.

Сепак, без оглед на фактот дека и мама и тато се суштински дел од развојот на детето, постои една посебна врска која игра голема улога во животот на девојчето.

Тоа е неуништлива, вечна, силна врска меѓу таткото и ќерката.
Мајките несомнено ја имаат најсилната и најуникатната врска со своите деца. Но, има нешто посебно во врската ќерка-татко што влијае на животот на женските деца на навистина интригантен начин:
Таткото е првата машка фигура во животот на една девојка.
Таткото е безбедно засолниште.
Таткото е столб на силата на жената.

Додека мајките нè гушкаат и не учат да бидеме понежни, татковците нè охрабруваат да бидеме посилни. Татковците не учат никогаш да не престанеме да бидеме љубопитни, иако грешиме, никогаш да не се откажуваме без разлика колку се плашиме. Секогаш да ги поместуваме нашите граници. Мајката е најмногу таа што сака да избегнуваме ризици, но таткото е тој што нè поттикнува секогаш да се трудиме да учиме од нашите грешки.
Текстот продолжува на следната страна