Почетна Убавина и здравје Таневски: Не се срами кога плачеш … да плачат можат само најсилните

Таневски: Не се срами кога плачеш … да плачат можат само најсилните

од nenad
1 минути читај за

Таневски: Не се срами кога плачеш … да плачат можат само најсилните
Објавено на 12/14/2022

Не се срами кога плачеш… да плачат можат само најсилните. Да, добро слушна. Само најсилните имаат капацитет за искрена солза. И само од длабока и чиста душа излегуваат вистински солзи. Исто како што од длабок бунар излегува чиста и ладна вода. Дека денес да останеш чист и неизвалкан во овој свет е потребна натчовечка сила. Некој, чувајќи си го срцето чесно и чисто, морал да се бори со целиот свет. И да победи. И кога таквиот ќе се отвори пред некого, си го изложува срцето на милост и немилост. А срце кое не отврднало, не замрзнало и не се скаменило е лесно да прободеш. И има такви кои ќе прободат. Не ме прашувај зошто. Ама има. Подло и нечовечки ќе ти се напикаат прво под кожа, дур не те отворат сосем, а потоа ќе ти удрат сабја преку срце. А срце ко срце, на неправда се препелка ко заклано јагненце, и тогаш фрштат солзи ко ноемвриски порој. А порој ко порој, може да ги удави оние кои го предизвикале. Не, немој да се срамиш ако ти се случи да заплачеш. Тоа само значи дека нешто те допрело таму негде длабоко, и таму имало нешто неискварено и нежно. Тоа само значи дека не трпиш неправда. Тоа само значи дека си ја зачувал чиста својата душа. Тоа само значи дека не си дозволил да ти ја затрупаат со своите гнасотии, па ти останала длабока. Длабока и чиста душа. Тоа си ти.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING