Овој колач потсетува на сочна торта, бидејќи има две кори и кремлив фил
Доколку барате нов рецепт за вкусен десерт, испробајте ги овие грчки коцки кои се приготвуваат брзо и лесно.
Состојки:
За една кора (ви требаат две)
- 4 белки
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици мелени бисквити
- 4 лажици ореви
- 1/2 кесичка прашок за печиво
За филот:
- 8 жолчки
- 700 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 250 г путер
- 150 г шеќер во прав
- 100 г покрупно дробени бисквити
- 100 г црно чоколадо
- 100 г бело чоколадо
Поврзани објави
За декорација:
- шлаг и дробени ореви
Приготвување:
Пенесто изматете ги белките со шеќерот, додајте мелени бисквити и ореви и прашок за печиво, па полека измешајте со шпатула и префрлете ја смесата во плех. Печете ја 20 минути на 180 степени Целзиусови.
Филот се приготвува така што пенесто се матат жолчките и шеќерот, па се додава брашно и сето тоа се вари во млеко како пудинг. Кога смесата ќе се олади, се додава путер, шеќер во прав, бисквити, бело и црно чоколадо.
Филувајте ги корите, па декорирајте со шлаг и ореви.
ФОТО: Freepik