Пејачката појасни дека нејзиниот одговор бил даден во конкретен момент и дека денес би морала прво да добие српско државјанство.
Тамара Тодевска даде дополнително објаснување за својот одговор на прашањето дали би ја претставувала Србија на Евровизија. Пејачката беше прашана за ова за време на полиграфско испрашување, на што одговори негативно.
Не, не гледам зошто. Првин треба да извадам државјанство“, одговорила Тамара, откако водителот ја потсетил на нејзин поранешен став поврзан со можноста да настапи за Србија на Евровизија.
На дополнителното прашање зошто некогаш го кажала тоа, Тодевска дала поинакво објаснување.
Поврзани објави
Така некогаш сум можеби рекла, така ми дошло“, посочила таа, објаснувајќи дека станувало збор за нешто што го кажала во конкретен момент.
Одговорот на полиграфот така повторно ја отвори темата за нејзиниот однос кон Евровизија и можноста некогаш да настапи под знамето на друга земја. Сепак, во разговорот таа јасно ставила до знаење дека за таква можност прво би требало да има српско државјанство.
printskrin youtube