Браќата уживаа во британската престолнина, а љубовта кон музиката ги поврзува и приватно и професионално.
Марко Маринковиќ-Слаткаристика деновиве престојуваше во Велика Британија, каде што имаше настапи во Лондон и Оксфорд. На патувањето друштво му правеше неговиот помал брат Стефан, кој во музичкиот свет е познат како диџеј Че.
Браќата споделија моменти од престојот во Лондон, каде што се возеа со метро, шетаа низ градот и се фотографираа пред познатите локации, меѓу кои и Биг Бен. Нивната поврзаност, сепак, не е само семејна – двајцата се активни и во музиката. Стефан неодамна настапи и на големиот концерт „Слаткаристика и пријателите“ во Охрид.
Поврзани објави
Семејството има посебно место во музичката приказна на Слаткар. Песната „Да полетам“ е инспирирана од неговото детство и периодот кога семејството се соочувало со финансиски тешкотии. Токму преку оваа песна тој отворено зборуваше за своите почетоци и за животните околности кои го обликувале, нарекувајќи ја приказна на своето семејство.
Денес, сликата е поинаква. Од дете од Ново Лисиче кое, како што самиот вели, имало „лист, пенкало и сон“, Слаткар стигна до настапи надвор од Македонија. Во Лондон настапи на 16 септември, а два дена подоцна и во Оксфорд, во рамките на „Македонски денови на културата 2026“. На програмата беа и „Танец“, „Емигранти“ и македонски фолклорни организации од Велика Британија.
Скриншот/Инстаграм и printskrin youtube