Почетна Убавина и здравјеМисиркини ќофтиња со доматен сос и потпечено пире – Убавина и здравје

Мисиркини ќофтиња со доматен сос и потпечено пире – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ручек што лесно се приготвува а изгледа како многу да сте се потрудиле

Петок е ден за оброци што се приготвуваат брзо и лесно, а во кои може да ужива целото семејство. Овој рецепт за ќофтиња ќе му се допадне секому, особено на оние што внимаваат на линијата, бидејќи не е толку масен како за обични ќофтиња во доматен сос, туку се користи мисиркино месо, кое е помалку калорично. Идејата е на фитнес-инструкторката Марина Горњивска која редовно споделува совети за вежбање, исхрана и здрава рецепти на инстаграм-профилот marina_fidgym.

Состојки за 3 порции:

За пирето:

  • 600 г компир
  • 1 јајце
  • сол
  • 2–3 лажици вода од варењето

За ќофтињата:

  • 400 г мисиркино мелено месо
  • 1 јајце
  • 20 г лебни трошки
  • мешан зачин
  • бибер
  • црвен пипер
  • оригано
  • 250 г пасата/доматен сос
Приготвување:


Поврзани објави

1. Компирите сварете ги и направете пире со јајцето, солта и малку вода од варењето.

2. Измешајте го мисиркиното месо со јајце, лебни трошки и зачини. Направете мали ќофтиња, испржете ги со малку масло и додајте доматен сос.

3. Во огноотпорен сад ставете прво пире, па одозгора наредете ги ќофтињата и посипете малку кашкавал.

4. Печете на 200°Ц околу 20 минути.

Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…

ФОТО: ИНСТАГРАМ