Почетна СветСтолтенберг оди за Турција – да изрази поддршка по земјотресот, но и да го убедува Ердоган да попушти за Шведска и Финска во НАТО

Столтенберг оди за Турција – да изрази поддршка по земјотресот, но и да го убедува Ердоган да попушти за Шведска и Финска во НАТО

од nenad
1 минути читај за

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека утре ќе оди во Турција, за да ја потврди поддршката на западниот воен пакт за земјата по разорниот земјотрес што ја погоди, но и да го убеди турскиот лидер да дозволи Шведска и Финска заеднички да влезат во НАТО.

„Одам утре во Турција за да разговарам со Ердоган и да ја изразам поддршката на Алијансата“, рече тој на прес-конференција во Брисел, по средбата на министрите за одбрана на НАТО.

Столтенберг додаде дека ќе разговара и за членството на Шведска и Финска во НАТО.

„Ќе побарам од нив истовремено да ги ратификуваат двата пристапни протоколи. Но Турција треба да одлучи дали ќе ратификува еден или двата протоколи“, кажа Столтенберг.

Турскиот претседател на почетокот на месецов за првпат навести дека парламентот во Анкара би можел да го ратификува пристапувањето на Финска во НАТО без Шведска. Триесет земји, меѓу кои и С. Македонија, ги потпишаа пристапните протоколи, а 28 од нив ги ратификуваа. Само Турција и Унгарија сè уште не ги ратификувале договорите.

Турција со месеци наназад се противи на влегувањето на Шведска во НАТО – ја обвинува земјата дека заштитува терористи кои ги бара Турција и со тоа го поддржува тероризмот. Шведските власти се обидуваа да соработуваат со Анкара околу овие прашања и да ги исполнат турските барања. Официјална Анкара ги смета и ги нарекува „терористи“ членовите на курдските групи кои се залагаат за независност, но и повеќето, ако не сите политички противници на претседателот Ердоган.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment