Почетна СветМуцунски на средба со претставници од македонската црковна заедница во Виена

Муцунски на средба со претставници од македонската црковна заедница во Виена

од nenad
1 минути читај за

Во рамките на работната посета на Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, се сретна со претставници од македонската црковна заедница во Виена.

На средбата тој ја нагласи важноста на дијаспората која е нераскинлив дел од државата и има значајна улога во културната и економска промоција, но и во застапувањето на националните интереси на меѓународната сцена. Воедно, изрази надеж и очекување за продлабочување на економската и културната соработка помеѓу двете земји, што може да се постигне единствено со активна двонасочна соработка и комуникација во која придонесот на дијаспората ќе биде исклучително важен.

Претставниците на дијаспората ги претставија и предизвиците со кои тие се соочуваат, а притоа од страна на министерот Муцунски беше изразено уверување дека преку дипломатско конзуларното – претставништво и со поддршка на владата и останатите државни институции во иднина ќе се работи на нивно соодветно адресирање и решавање.


Post Views:
104

Извор : vesnik-ilinden.com

Муцунски на средба со претставници од македонската црковна заедница во Виена