Себастијан Рулји изгледа сѐ подобро како што минува времето
Аргентинскиот актер Себастијан Рулји стекна огромна популарност со улогата на Хектор во серијата „Руби“.
Себастијан Рулји е роден на 6 јули 1975 година во Буенос Аирес како прво дете од три деца.
Пред да почне да се занимава со глума, се занимавал со моделство во Европа, Азија и Америка.
Подоцна се запишал во школата за глума на Televisa, а првата улога ја добил во 1996. Најголема популарност стекнал со улогата на Хектор во серијата „Руби“ во 2004 година, кога ги полудел жените ширум светот. Значајните улоги почнале да се нижат, а особено се истакнал во сериите „И покрај сѐ“, „Страсти“, „Тереза“, „Украдена љубов“ и други, каде што претежно играл главни улоги.
Поврзани објави
Медиумите го поврзувале со бројни актерки, но тој се венчал со колешката Сесилија Галјано во 2007 година, а во 2010 година добиле син Сантијаго.
Но во 2011 година тие се развеле, а тој пронашол среќа покрај Анхелик Бојер, со која играл во серијата „Тереза“.
Себастијан е многу активен на социјалните мрежи, каде што неретко го покажува своето затегнато тело. Себастијан Рулји старее како добро вино – тоа е неоспорен факт.