Кејт Мос го покажала идеалниот фустан за есен за дами над 50 години
Есента со себе носи слоевити комбинации, топли џемпери и враќање на класичните парчиња, но постои едно што се издвојува како ултимативен моден фаворит за жени над 50 години, а тоа е долгиот црн фустан.
Неодамна, манекенката и модна икона Кејт Мос покажала зошто овој фустан треба да биде задолжителен дел од плакарот на секоја жена. Кејт била видена на улиците во Лондон како блеска во едноставен, но исклучително ефектен црн макси-фустан со долги ракави, кој совршено ја истакнувал нејзината вита става, а истовремено ѝ давал дискретна елеганција.
Освен Кејт Мос, познати личности како Алекса Чанг, Сиена Милер и Џејзи Лоу, биле видени како пристигнуваат на отворањето на продавницата Лоншам на улицата Регент.
Зошто овој фустан е есенското парче што мора да го имате?
Поврзани објави
Доколку одберете природни материјали и должина до глуѓдовите, овој фустан елегантно паѓа на телото, прикривајќи ги сите ситни недостатоци и визуелно издолжувајќи ја силуетата. Удобен е и истовремено доволно мек за да не биде тежок за носење.
Се вклопува со сѐ. Кејт својот црн фустан го искомбинирала со црни чизми до глужд на потпетица и едноставна црна чанта, што резултирало со софистициран и елегантен монохроматски изглед. Но можностите се бесконечни.
Овој фустан совршено оди со елегантни или бајкерски чизми, патики за полежерен изглед и спортски шик, капути и блејзери, а со додавање на ремен околу половината, можете да ја нагласите својата фигура и да му дадете нова форма на фустанот.
Кога сме кај капутите и блејзерите, преку фустанот можете да носите предимензионирано сако, долг капут или кожена јакна, за да добиете слоевити и префинети комбинации.
Без разлика дали одите на деловен состанок, вечерно излегување, опуштено кафе со пријателките или романтична вечера, долгиот црн фустан секогаш е вистинскиот избор. Неговиот минималистички дизајн ви овозможува да го трансформирате со разни додатоци, како марами, шалови, шешир и слично.
Кејт Мос со оваа комбинација истакнкала дека помалку е честопати повеќе и дека клучот за елеганцијата лежи во едноставноста и квалитетот. Затоа, ако барате совршен фустан за оваа есен кој ќе ви ги реши сите модни дилеми, долгиот црн фустан е вистинскиот и најлесниот одговор.