Актерот Мики Рурк дочекал во старост да проси за кирија – веќе долго време се собираат средства за некогашниот холивудски фраер
Мики Рурк бил фотографиран пред куќата во која моментално живее, а која е вистинска урнатина. Обожавателите на некогашниот заводник се загрижиле поради неговиот морничав изглед: ќелава глава, пропаднато лице, облека што потсетува на бездомник…
Актерот кој има 73 година дочекал да се собираат пари за него во Холивуд, за да може да ја плати киријата од 59.100 долари, колку што му должи на станодавецот.
Мики, кој очигледно не заработил доволно ни за куќа, сега ја дочекува староста во изнајмена запуштена куќа, а неговата пријателка и агентка се обидува да собере средства за пропаднатиот актер.
Лиа Џоел Џонс започнала да собира средства со објаснување дека актерот се соочува со многу реална и итна ситуација, односно му се заканува исфрлање од сопствениот дом, бидејќи поминува низ финансиски проблеми.
Мики неодамна бил исфрлен од реалното шоу „Големиот брат“, поради неговите коментари со сексуална конотација упатени до една од учесничките. Неговата агентка рекла дека организаторите на шоуто и тоа како знаеле кој е Мики Рурк и сигурно очекувале дека ќе направи скандал.
Поврзани објави
Но креаторите на емисијата не го очекувале тоа и Мики бил исфрлен од шоуто, без да надоместок, што придонело до неговото бездомништво. Неговиот станодавец му дал рок од три дена да му ја плати заостанатата кирија или да се исели од куќата.
Како Мики Рурк стигнал дотука?
„Мојата кариера тргна во погрешна насока, а јас почнав да ја мразам мојата работа и себеси. Полека се уништував со брза храна. Се чувствував како да не знам што правам, како да не знам да глумам.
А потоа почнав со пластичните операции. Прво сакав да ја ублажам штетата што ми ја направи боксот, но одбрав погрешен хирург и сѐ тргна наопаку“, признал актерот, кој од врвен фраер се претвори во лик кого многумина го исмејуваат.
Некогашниот холивудски заводник прекуноќ се претворил во карикатура поради исклучително лош пластичен хирург, кој му го променил личниот опис. Мики последниве години носи и перика и шешир, а неговиот стил на облекување е шокантен.
Покрај лош изглед, Мики има и тежок карактер, па се здобил со лоша репутација во Холивуд. Последниве години се појавува само во споредни улоги во филмови, како и во реални шоуа каде што учествува за да не мора да плаќа кирија.
ФОТО: ИНСТАГРАМ