63
Ни се допаѓа белата фасада и суптилната игра на волумените, деталите се добро изведени. Зградата е добро позиционирана, доволно повлечена од улица, и позади има доволно отворен простор. Подот не е изведен од досадната форма на бетонски плочки, него се користени некоја нова форма.
Во зеленилото позади има потенцијал да се инкорпорира зеленило, дрвја во саксии на пример.
Климите се скриени во кутии. Прозорите се сите со парапет 0. Ова ќе овозможи поголема светлина, но дава и посовремен изглед на фасадата.
