Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор.
Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици.
Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон.
Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките. .
Извор: МИА