Почетна ЕкономијаСе заменуваат цевките на главниот водоснабдителен систем во Кадино

Се заменуваат цевките на главниот водоснабдителен систем во Кадино

од nenad
1 минути читај за




За да се подобри водоснабдувањето, да се намалат загубите на вода и да се зголеми капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главниот водоснабдителен систем во Кадином во општина Илинден, во должина од 700 метри.

Како што информираат од Општината се работи на подегот од крстосницата кон Мралино, до крстосницата кај млинот „Златно Зрно“ на улица 10 во Кадино. Во наредниот период ќе се продолжи со втората фаза за обнова на водоснабдителниот систем на потегот од млинот до крстосницата на почетокот од село Марино. Градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски вели дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефекти и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.

Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што, како што тврдат, Општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот денови ќе продолжи со подобрување на водоводниот систем.