Почетна Економијаво Македонија

во Македонија

од nenad
1 минути читај за

Денеска и утре, министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) што се одржува во Загреб во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска. Во придружба на министерот Бектеши се генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој ќе зборува на панел сесијата „Стратегии за оптимизација на мрежата во енергетската транзиција” и на панел сесијата „Критична инфраструктура”. Во рамки на министерскиот состанок, предвидени се средби на министерот Бектеши со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, како и министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов. Скопје, 1 март 2023 (МИА).