Прославата на 17-годишнината на магазинот „Убавина и здравје“ остана запаметена не само по гламурозната атмосфера и прекрасните гости, туку и по еден од оние ретки, магични моменти што се случуваат само еднаш – и се паметат засекогаш.
Елена Ристеска приреди вистински спектакл со својот настап во Парк Рагуза, но токму кога атмосферата го достигна својот врв, се случи нешто неочекувано: додека ја изведуваше емотивната „Признавам не можам без тебе“, публиката стана сведок на сцена што се претвори во симбол на заедништвото на македонската музичка сцена.
Пет други музички дами, колешки и пријателки, не издржаа – инспирирани од енергијата и емоцијата, спонтано се искачија на сцената и и’ се придружија на Елена. Ивона Јо, Викторија Лоба, Антонија Гиговска, Тамара Волческа и Лара Иванова го збогатија настапот и со своето присуство и со хармонија, создавајќи момент кој ќе се раскажува како дел од музичките легенди.
Публиката го препозна и почувствува овој редок и автентичен момент. Тоа не беше само заедничка изведба – беше симбол на единство, на припадност, на уметност без его. Беше момент кога женската енергија не се натпреварува, туку се прелева една во друга – хармонично, со почит и љубов.
Елена, како вистинска дама и ѕвезда, ги пречека колешките со широка насмевка, а заедничкиот рефрен „не можам без тебе“ звучеше како порака не само до саканиот, туку и до сите што беа таму – дека музиката не може без заедништво, а уметноста без искреност.
Поврзани објави
Овој изненаден собир на сцената покажа дека македонската музичка сцена не е само збир на солисти – туку семејство, во кое поддршката и љубовта честопати зборуваат погласно од аплаузот.
„Убавина и здравје“ навистина знае како да создаде моменти што се паметат. А ова беше момент што не се гледа често – ова беше срце на сцената.
Текст: Б. Стојменовиќ
Фото: Ана Марија Јанковиќ