Почетна Економија„СО ВАКВИ РЕКТОРИ И ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ТОНЕМЕ ВО СЕПТИЧКАТА ЈАМА“: Мојсоска без влакна на јазикот

„СО ВАКВИ РЕКТОРИ И ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ТОНЕМЕ ВО СЕПТИЧКАТА ЈАМА“: Мојсоска без влакна на јазикот

од nenad
1 минути читај за

Правните експерти на Советот на Европа потенцира дека Законот за употреба на јазиците значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди, утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. 

Ова го нагласи доцна синоќа Јована Мојсоска, пратеничка од редовите на политичката партија „Левица“.  – Венецијанската комисија открива дека во одредени области, законот може да оди премногу далеку со НАМЕТНУВАЊЕ што може да се покаже како нереална правна обврска врз јавните институции, особено во врска со употребата на албански во судска постапка, заедно со тешки санкции во случај на непочитување и можност за поврат на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето, овој пристап може значително да го ЗАБАВИ функционирањето на целото судство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.” И покрај ова мислење на европските институции, ТРИ РЕКТОРИ на универзитети пишале писмо до Уставен суд да “не се чепка Законот за двојазичност”. Епа, со вакви ректори и “интелектуалци” – уште долго ќе тонеме во септичката јама – нагласи Мојсоска во објавата на социјалните мрежи.