Почетна ЕкономијаЦУК: Активни пет пожари  – biznisvesti.mk

ЦУК: Активни пет пожари  – biznisvesti.mk

од nenad
0 минути читај за

12/09/2023
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО

  Пет пожари се активни на територија на државава, информира изутринава Центарот за управување со кризи.

Во Општина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје,  и кај селата Кошино и Костинци.

  Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна Ѓоновица во Општина Гостивар. ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44. лв/ .

Извор: МИА