Без јајца, млеко, путер и масло, овој мек десерт се подготвува со неколку основни состојки и е одличен избор кога ви се јаде нешто благо.
Ако барате десерт кој не бара многу време ниту комплицирана подготовка, овој колач со јаболка е одлична идеја. Јаболковото пире му дава сочност и мекост, а рецептот е погоден и за оние кои избегнуваат јајца и млечни производи.
Состојки:
- пире од јаболка
- вода
- екстракт или арома од ванила
- јаболков оцет
- бело, овесно или спелтино брашно
- шеќер
- малку сол
- прашок за печиво
- сода бикарбона
- цимет
- суво грозје или сечкани јаткасти плодови по желба
Подготовка:
Поврзани објави
Загрејте ја рерната на 175 степени. Во сад соединете ги течните состојки, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки. Мешајте додека смесата не стане изедначена и без поголеми грутки.
Калап со дијаметар од околу 20 сантиметри обложете го со хартија за печење. Истурете ја смесата, израмнете ја и ставете ја да се пече околу 18 минути.
Откако ќе го извадите колачот, оставете го добро да се излади пред сечење. По желба, можете да го збогатите со крем од ванила, кокос или крем-сирење, а одлично оди и со топка сладолед од ванила.
ФОТО: Freepik