Овој омекнувач создава лесен заштитен слој на површината на кожата, помага при хидратација, но има и антивоспалителни својства и ефект против стареење. Сето ова го прави една од најчестите состојки во индустријата за убавина.
Ако веќе сте се сретнале со состојката „сквалан“ во козметичките производи што ги користите, можеби сакате да дознаете нешто повеќе за неа. Можеби сте ги сретнале поимите сквалан и сквалин и сте помислиле дека се иста состојка, но, всушност, само една буква значително влијае на стабилноста на супстанцијата. Затоа е важно да се прави разлика меѓу нив.
ВАЖНА РАЗЛИКА
Сквалан е хидрогенизирана форма на сквален. Сквален е липид (маст) што природно се наоѓа во кожата, каде што се лачи од нашите лојни жлезди. Сепак, скваленот не е премногу стабилен, па затоа не може да се користи во производите за нега на лице без да се преработи во постабилна форма. Овој модифициран сквален се нарекува сквалан, а всушност е состојка што ќе ја најдете во производите за лице и за коса.
ИМИТАЦИЈА НА НАШИТЕ ПРИРОДНИ МАСЛА
Бидејќи скваланот од козметиката ги имитира природните масла на нашата кожа, неговата ефикасност е многу висока. Тоа е врвен навлажнувач против стареење за сите типови кожа на лицето. Доаѓа во форма на многу лесно масло, кое совршено ќе ја надополни вашата нега на лицето. Хидрира, но не ја прави кожата мрсна или тешка, за разлика од некои други масла и производи на база на масло.
ПРИДОБИВКИ ОД СКВАЛАНОТ
Придобивките од сквалан се големи. Ова масло е многу стабилно, што значи дека нема лесно да оксидира и да ги изгуби своите хранливи својства. Исто така, точно е дека во случајот на сквалан не е проблем ниту комедогеноста, бидејќи оваа состојка има исклучително низок комедоген потенцијал. Токму поради тоа што е на некој начин поврзана со кожата, односно со нејзината природна маст, одговара на секој тип кожа.
Нашата кожа секојдневно ја изложуваме на различни стресни фактори, како што се УВ-зрачење, ниски температури, ветер, смог, централно греење… Сето ова влијае на здравјето на кожата, а компонентата за нега на масло доаѓа како природен штит кој ќе ја заштити и негува.
Сквалан е природен антиоксиданс богат со омега-масни киселини, кој штити од оксидативен стрес и оштетување однатре и однадвор. Освен тоа, има улога и на навлажнувач и на емолиент, што значи дека истовремено ја привлекува водата од молекулите и ја „доведува“ до кожата, но и го спречува нејзиното сушење.
Поврзани објави
Скваланот е исклучителна состојка и затоа што кожата многу лесно го поднесува, односно не предизвикува иритација. Напротив, бидејќи има антимикробно дејство, некои истражувања сугерираат дека помага и при кожни заболувања како што се псоријаза, дерматитис, себореја, па дури и акни.
У&З-избор на производи со сквалан:
1. Серум со ретинол и сквалан The Ordinary.
2. Хранливо масло за коса со сквалан Soaphoria.
3. Hyauron Active B3 хранлив ноќен крем со сквалан, Avene.
4. Toleriane Sensitive хидратантна нега, La Roche-Posay.
5. Mineral 89 крем за лице за 72 часовна-хидратација, Vichy.
Текст: Надежда Јокиќ
Фото: ПР, Pexels