Еве на што треба да обрнете внимание!
Хијалуронска киселина, алое вера, кокосово масло, CBD – ова се некои од состојките во новите лубриканти, кои ги прават поздрави и даваат поголемо задоволство. Ова е важно бидејќи сè што се внесува во вагината може да се апсорбира или да има несакани ефекти. Иако производот може да биде означен како „органски“ или „природен“, тој не мора да биде добар за вас.
Стручните совети ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.
ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКА БАЗА
Многу лубриканти на база на вода содржат конзерванси кои можат да го исушат ткивото. Експертите препорачуваат лубриканти на база на силикон, особено за оние со осетлива кожа или склоност кон инфекции. Глицеринот е уште една состојка која може да го зголеми ризикот од габични инфекции кај жените кои се склони кон нив, покажуваат истражувањата. Размислете за производите без парабен, бидејќи тие можат да бидат потенцијални ендокрини штетници и да влијаат на нивото на вашите природни хормони.
ЗАГРЕЈТЕ ЈА АТМОСФЕРАТА
Ладноста на лубрикантот може да го намали расположението, но од друга страна, производите наменети за затоплување често содржат состојки кои можат многу да сушат и иритираат. Затоа, се препорачува да го ставите пакувањето во сад со топла вода за да се загрее пред нанесувањето.
ИЗБЕРЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ СОСТОЈКИ
Хијалуронската киселина е природен навлажнувач и навистина дејствува во лубрикантите, а добро дејствува и алое вера, која е од растителна основа и навлажнува. Другите лубриканти, како што е хидратантните, содржат здрави растителни и овошни екстракти кои помагаат да се одржи рамнотежата на pH. Истражувањата кои ја поддржуваат употребата на канабидиол (CBD) во лубрикантите се ограничени, но повеќето извештаи од досегашната практика се позитивни.
CBD се смета за многу смирувачка и антиинфламаторна супстанција, која може да ви помогне доколку чувствувате болка или страдате од сувост на вагината за време на сексот. Тие исто така можат да помогнат да се релаксираат мускулите и да се зголеми општото задоволство.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ
Поврзани објави
Лубрикантите со вкус или мирис можат да го нарушат балансот на pH во вагината, да го иритираат или дури и да го оштетат ткивото, особено ако имате осетлива кожа или сте склони кон инфекции.
Декспантенол е провитамин Б5, познат по своите смирувачки и регенеративни својства. Кога се нанесува на кожата или на мукозните мембрани, се претвора во пантотенска киселина, која игра клучна улога во обновувањето на клетките и хидратацијата на ткивата. Особено е корисен во лубрикантите наменети за лица склони кон иритација, дамите во менопауза или по медицински интервенции.
Жешки ноќи
Во вагиналните лубриканти, стимулативните супстанции можат да придонесат за чувството на возбуда и најчесто содржат:
Л-АРГИНИН: оваа аминокиселина може да ја подобри циркулацијата на крвта во гениталиите, што може да доведе до зголемено чувство на возбуда и чувствителност. Л-аргининот го стимулира производството на азотен оксид, кој помага во проширување на крвните садови.
МАСЛО ОД МЕНТОЛ ИЛИ ПЕПЕРМИНТ: оваа супстанција дава чувство на ладење или нежно пецкање што може да придонесе за стимулација и подобрување на сензацијата. Во помали концентрации, ментолот има освежувачки ефект и може да го зголеми чувството на проток на крв, што дополнително ги стимулира нервните завршетоци.
ЕКСТРАКТ ОД ЦИМЕТ ИЛИ ЃУМБИР: понекогаш се додаваат затоа што природно ја загреваат кожата и ја стимулираат циркулацијата. Овој „топол“ ефект може дополнително да го подобри чувството на возбуда кај жената, но и кај мажот.
НИКОБОКСИЛ И БЕНЗИЛНИКОТИНАТИ: во некои случаи се користи и овој нежен стимуланс, бидејќи го зголемува протокот на крв во ткивото и на тој начин може дополнително да го подобри чувството. Овие супстанции се релативно ретки во комерцијалните производи, но се наоѓаат во некои специјални стимулирачки кремови.
ЕКСТРАКТИ КАКО ДАМИЈАНА ИЛИ ГИНКО БИЛОБА: природни екстракти познати по своите потенцијални афродизијачки својства. Иако доказите не се секогаш доволно силни, некои корисници пријавуваат зголемена чувствителност и возбуда.
Подготвила: Лидија Ќулибрк