Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ не ја кријат среќата.
Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ отсекогаш нагласувале дека се горди на своите деца и дека ништо не им е тешко да направат за нив, што уште еднаш го потврдија кога минатата година приредија раскошна прослава на 21-от роденден на нивната ќерка Мануела.
Оваа година, ситуацијата е малку поинаква, со оглед на тоа што Драгана и Тони се во процес на развод по две децении брак, но се чини дека годинешниот роденден на наследничката ги спои пејачката и бизнисменот, па нешто по полноќ , и двајцата објавија честитки за прекрасниот ден.
Мануела, среќен роденден, сонце мое, те сакам најмногу на светот – напиша пејачката Драгана Мирковиќ.
Потоа следуваше и трогателна објава од тато Тони.
Поврзани објави
Среќен роденден, татина принцеза и најголема љубов – напиша Тони во описот на фотографијата со ќерката.
Секако, тука е и честитката од најдобриот брат Марко Бијелиќ, кој јавно ѝ се обрати на роденденката, Мануела.
Имавме можност да видиме и како изгледа замокот Ебенфурт пред прославата.
Се’ е украсено по желба на славеничката, па централниот атриум на замокот е во розови тонови, а комплетната организација на програмата ја презеде Драгана и стручниот тим.
Фото: Инстаграм, Мирко Табашевиќ