Покрај со елегантното издание, привлекла внимание и со односот со татко ѝ, со кого денес гради заедничка актерска приказна во Холивуд
Холивудската легенда Силвестер Сталоне се појави во Њујорк во друштво на сопругата Џенифер Флавин и најмладата ќерка Скарлет Роуз Сталоне. Сепак, овојпат вниманието не го привлече само славниот актер, туку и неговата наследничка, која сè посигурно го гради сопствениот пат во актерскиот свет.
Сталоне е навикнат да биде во центарот на вниманието, но на едно од последните јавни појавувања имаше посебна придружба. Актерот присуствуваше на настанот PaleyFest New York, посветен на серијата „Tulsa King“, а со него беа сопругата и најмладата ќерка.
Дваесет и четиригодишната Скарлет блесна во елегантен златен сатенски фустан со миди-должина, едноставен крој и тенки прерамки. Нејзиниот татко се одлучил за син костим, односно сако со дискретен кариран дезен, додека Џенифер избрала црна модна комбинација. Тројцата на црвениот тепих изгледаат елегантно и стилски усогласено.
Сепак, зад ова заедничко појавување се крие нешто повеќе од уште едно гламурозно излегување на славното семејство. Таткото и ќерката денес ги поврзува и професионалниот ангажман, бидејќи заедно глумат во серијата „Tulsa King“.
Од татко и ќерка до колеги пред камерите
Во разговор за магазинот People, Скарлет откри дека заедничката работа со татко ѝ значително го променила нивниот однос. Како што објасни, веќе пет години работат заедно, а искуството на снимањата им овозможило подобро да се запознаат и да станат поблиски.
Поврзани објави
„Навистина станавме пријатели“, изјави Скарлет, истакнувајќи дека сега имаат повеќе можности да поминуваат време заедно и дека меѓу нив се развило поголемо меѓусебно почитување.
Таа откри и дека често се шегуваат еден со друг на снимањето, особено на сметка на генерациската разлика и начинот на кој зборува нејзиниот татко, пренесува People.
Во серијата „Tulsa King“, Сталоне го игра Двајт Манфреди, мафијашки шеф познат под прекарот Генералот, додека Скарлет ја толкува Спенсер, девојка која од работа во кафуле се пренасочува кон работа со коњи. Нејзиниот лик добива поголемо значење во четвртата сезона, кога станува редовен дел од актерската екипа.
Скарлет е најмладата од трите ќерки што Сталоне ги има со сопругата Џенифер Флавин. Нејзините постари сестри се Софија и Систин, а секоја од нив изгради сопствен јавен идентитет преку различни проекти. Сепак, токму заедничката работа со татко ѝ би можела да биде една од најзначајните пресвртници во кариерата на Скарлет.
За Сталоне, кој зад себе има децении филмска слава, ова појавување на црвениот тепих беше и можност јавно да ја поддржи својата ќерка, која постепено го трасира сопствениот пат во Холивуд.
ФОТО: ИНСТАГРАМ