Без разлика на тоа дали имате 5 минути да го пребарате омилениот сајт или цел ден за варосување на ѕидовите, нашите идеи ќе ѝ дадат ветер во грбот на вашата фантазија.
Смислете лоша идеја!
Стравот од грешки нè спречува да мислиме слободно. Лошите идеи често водат до нови идеи, истражувања и решенија. Лоша идеја за вечерна забава? Зошто да не! Тоа може да нè доведе до идеја за сервирање домашна пица за предјадење.
Отфрлете ги раните идеи
Најчесто се едноставни и очигледни идеи. Наместо да се насочите кон нив, поттурнете ја имагинацијата во неколку брана од идеи.
Престанете да размислувате на кратко
Пауза во размислувањето го охрабрува мозокот да работи послободно и поенергично, вели Тина Силинг, авторка на книгата „inGenius“.
Читајте книги што не ви се предмет на интерес
Книгите што не ви се релевантни можат да ве инспирираат за необични идеи. Готвач може да смисли нов рецепт читајќи книга за ренесанса, а банкар може да се впушти во ризик читајќи ја биографијата за Кит Ричардс.
Користете го Пинтерест за инспирација
Чувањето фотографии и зборови на луѓе што нè инспирираат е корисен извор на информации кога ни е потребен креативен „буст“.
Исклучете се
Некои од најдобрите идеи ги добиваме за време на „мирување“. Гугл има катчиња за „switch off“ во своите канцеларии, па можеме да го следиме нивниот пример и да ги исклучиме сите телефони и компјутери барем 10 минути на ден.
Разговарајте со странци
Ќе имате брз пристап до поинакво мислење за нешто што може да биде мошне инспиративно. Следниот пат кога ќе седнете покрај некого во автобус, слободно почнете разговор.
Прифатете ги ограничувањата
Идеите се појавуваат и во опкружувања каде што има ограничувања. Твитер е најдобар за оваа вежба. Прифатете го предизвикот да ја напишете вашата животна приказна во 140 карактери и јавете ни го резултатот!
Мултитаскинг
Поврзани објави
Префрлување од една на друга задача може да резултира со неочекувани споеви. Жонглирањето со идеи ја одржува свежината на размислувањето.
Размислувајте како дете
Прифаќањето на детското размислување го отвора патот кон фантазијата. Прашувајте се секогаш „зошто“, токму како тригодишно дете, или прифатете дека една здодевна појава, како дождот, може да биде многу забавна.
Направете бротче од оваа страница
Да, искинете ја и направете нешто ново од неа. Поентата е да не се плашите од уништување. Да се креира значи да се уништи – инспирирајте се од оваа анархична изјава, па можете да продолжите да ги кинете страниците и да правите креативен неред… или само неред. Нешто ќе се роди од него.
Препуштете му се на уништувањето
Кога имаме блокада, некогаш најдобро решение е да ѝ се препуштиме на деструкцијата и да уживаме во тоа. Но потрудете се да има смисла, а не да се сведува на трошење време на Фејсбук. Некогаш е подобро да гледаме во една точка на плафонот… Гледајте го омилениот филм или прошетајте до омиленото место во градот.
Бојадисајте ги ѕидовите сини
Истражувањата покажаа дека сината боја ја поттикнува креативноста. Дали размислувате за варосување? Пробајте и јавете ни како изгледа!
Поместете го работното место
Можете да изберете под, кујна или некое мирно кафуле. Добар начин да ги протресете своите рамки е да ја смените работната околина.
Загубете се
Било да сте во градот или надвор од него, фрлете ја мапата и снаоѓајте се на добриот стар начин. Потпирајте се на своите инстинкти и ќе забележите работи што обично би ги пропуштиле.
Прашајте се: „А што би направил мојот идол?“
Изберете личност на која ѝ се восхитувате и прашајте се што би направила таа на ваше место. Поентата е да направите нешто сосема несвојствено за вас.
Опуштете се
Застанете и дозволете меурчињата од вашите идеи да испливаат на површина. Измислете време за „развивање идеи“ – играјте тенис или „сонувајте со отворени очи“.
Подготвила: Јелена Јоксимовиќ