Поминаа скоро седум месеци откако младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска ја објави нејзината последна песна „Случајно“, за која сними спот на една од најпосакуваните дестинации во светот, прекрасните Малдиви… Меѓутоа младата Драгана изминатиов период не седеше со скрстени раце, напротив, таа со својот тим од соработници работеа на нејзиниот најнов музички проект, кој за многу брзо ќе ја здогледа светлината на денот.
Тимот на соработници е повторно истиот, музика и аранжман Иле Спасев, додека пак текстот е на Јоцифер. За снимањето на видеоспотот повторно истата екипа, односно момците на „Урбан Рекордс“.
Поврзани објави
Песната носи наслов „Гламур“ и како што напишавме погоре, за неколку дена ќе биде промовирана на сите музички платформи и социјални мрежи.
Инаку Драгана вечерва ќе биде дел од пејачите кои ќе пеат во чест на големиот Кире Костов во Битола. Концертот носи наслов „Летај Галебе“ и на него неколку наши изведувачи ќе ги пеат песните кои ги создаде маестро Костов.