24
Нашиот успех е спој на професионалната услуга на нашите вработени и лојалноста на корисниците на нашите услуги, за што упатуваме искрена благодарност. Заедно чекориме кон нови успеси!
СН Мото Центар е современа станица за технички преглед во скопскиот регион, која ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот.
Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. СН Мото Центарот располага со 1.847 метри корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.
Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување.