На сите ни е познат терминот феминизам, но што е микрофеминизам?
Ако некогаш сте ѝ се обратиле прво на вашата колешка на состанок или сте спречиле некој маж да помине пред вас во редицата, можеби сте практикувале микрофеминизам — мали, но значајни акти на поддршка на жените во просторот во кој доминираат мажите.
Кога испраќам мејл на извршен директор, задолжително го вклучувам и неговиот помошник, а ако асистентот е жена, секогаш ја внесувам прво нејзината мејл-адреса, пред адресата на генералниот директор“, изјави продуцентката и водителка Ешли Чејни во виралниот пост на ТикТок оваа година.
„Тоа е мојот омилен вид на микрофеминизам“, рече таа. „А твојот?“
@iamashleychaney Girl’s girl, corporate edition. #microfeminism #feminist #feminism #corporatelife #girlsgirl ♬ original sound – Ashley Chaney
Чејни не го измисли терминот, но со нејзиното видео кое доби илјадници коментари и видео-одговори од други луѓе кои објаснуваат како тие ги промовираат женските гласови, го воведе терминот микрофеминизам.
„Јас секогаш ги повикувам татковците кога децата се болни, а мајките за прашањата околу фактурите“, напиша еден работник од детска градинка во одговор.
„Јас пишувам договори за недвижности и секогаш го ставам името на сопругата прва“, гласи друг одговор. „[Сопрузите] често го доведуваат тоа во прашање, иако нема никаква разлика за договорот, само за нивното его.“
Поврзани објави
Веднаш по неа, адвокатката Кејти Вуд открила дека секогаш користи женски заменки за луѓе на раководни позиции, освен ако со сигурност знае дека вишиот менаџер е маж. На ова движење му се имаат приклучено илјадници жени, кои постојано споделуваат какви мали чекори преземаат за борба против родовите неправди во секојдневието!
Овие акции можеби изгледаат безначајни за некои, но експертите велат дека малите трикови можат да имаат големо влијание.
Чејни, жената зад виралното видео на ТикТок, изјави дека беше инспирирана да зборува за своите акти на микрофеминизам по денот кога се соочила со непријатна ситуација со еден машки колега.
„Особено паметам како размислував, боже, постојат овие работи што ми се случуваат секој ден и ме нервираат. И знам во мојата глава дека ги правам овие мали наклоности кон жените околу мене. Се прашувам дали тие забележуваат. Тоа е нешто што жените го забележуваат и, како и мене, исто така се обидуваат да го прават, што ми се допаѓа. И покрај тоа, ако не го слушнале, сега се инспирирани и гледаат мали начини како да ги поддржат жените околу нив“, изјави таа.
„Мислам дека луѓето навистина се поврзуваат со микрофеминизмот, затоа што им дава нешто што можат да го прават а што не подразбира излегување на протест или удирање во градите или било што слично. Тоа е како: ‘Еј, ова се работи што можам да ги направам и всушност можам да влијаам на промените на мал начин.’”
Секојдневен сексизам
Истражувањата покажале дека секојдневните случаи на сексизам влијаат на жените на сите нивоа, вклучувајќи ги физичкото и менталното здравје.
Текст: Марија Лукаревска