Почетна Убавина и здравјеВиралната 3×3 рутина може да ве претвори во утринска и продуктивна личност

Виралната 3×3 рутина може да ве претвори во утринска и продуктивна личност

од nenad
3 минути читај за

Додека скролувате низ социјалните мрежи, сигурно ви паѓаат в очи видеа со „совршени“ и инспиративни утрински рутини: жени кои пред работа успеваат да вежбаат и да се грижат за исхраната, совршено организирани мајки, луѓе кои половина од обврските ги завршуваат уште пред пладне…

А вие? Едвај стигнувате да се справите со трката меѓу децата, шминката и излегувањето на работа, тренингот го одложувате за навечер, а заморот ве совладува уште пред да стигнете во канцеларија.

Пред да забележите, веќе е попладне, а вие не сте завршиле ни половина од задачите, немате испиено ниту една цела чаша вода, а за храна и не размислувате. Ако ова ви звучи познато, можеби е време да го испробате правилото 3×3.

Оваа метода, која ја претстави креаторката @fit.abbie, стана вирална речиси веднаш по објавувањето. Зошто? Бидејќи благодарение на неа секој, дури и најтврдокорните „ноќни птици“, успева да стане утринска личност – и тоа многу продуктивна.

Што е правилото 3×3?

Во суштина, тоа е правило за менаџирање на времето и обврските, кое се базира на бројот 3. Штом ќе станете, направете три полиња во вашата листа на задачи и во нив запишете ги трите најважни дневни приоритети. Потоа, под нив наведете ги сите неопходни активности за тие задачи да бидат завршени – и обидете се да ги реализирате без оглед на тоа како ќе се одвива денот.

Ова едноставно правило за подигнување на продуктивноста може да се примени во секоја животна сфера, а утринската рутина 3×3 го насочува кон велнес и фитнес.


Поврзани објави

Како изгледа во пракса?

Утринската 3×3 рутина се заснова на три клучни предизвици за добросостојба: активност, хидратација и внес на протеини.

  1. Направете 3.000 чекори пред пладне
    Ако немате време или сила за тренинг, обидете се со брзо утринско пешачење. Тие 3.000 чекори го поттикнуваат телото на активност, а целта од 8.000–10.000 чекори дневно станува полесно достижна. Дополнително, пешачењето го намалува стресот и овозможува изложеност на сончева светлина – важна за создавање витамин Д.

  2. Внесете 30 грама протеини
    Жените често внесуваат помалку протеини отколку што е потребно, иако токму тие помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта, спречување пад на енергија, поддршка на растот на мускулите и подобро расположение. Внесот од 30 грама протеини пред пладне ќе ви помогне полесно да го достигнете дневниот минимум (100–150 грама за повеќето жени). Примери: протеинско смути со сурутка или растителен протеин, грчки јогурт, три белки од јајца или чадена пастрмка.

  3. Испијте три чаши вода пред пладне
    Како што често забораваме на протеините, така забораваме и на хидратацијата. Магичните две литри дневно стануваат остварливи само ако претпладне испиете барем три чаши вода. Така го активирате метаболизмот, а кожата ви станува појака и посјајна.

Правилото 3×3 и продуктивноста

Правилото 3×3 во својата суштина е техника за управување со времето – ви помага да ги поедноставите обврските. Еден од неговите главни принципи е поставување приоритети. Тоа ве тера да ги издвоите најважните задачи, наместо да се изгубите во бескрајна листа.

Наместо да правите десетина работи површно, ова правило ве мотивира да завршите три задачи темелно. Со таквиот пристап постигнувате подобри резултати. Секако, клучот е во доследноста – секој ден изберете три главни приоритети и придржувајте се до нив.

Фото: Инстаграм