Тој што бог решил да го уништи, прво му го зема умот (quos deus vult perdere, prius dementat).
Дали сте нормални??!!Ќе го затвoрале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција!И ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кого нашите енергетски експерти го окарактеризираа како „втор Чебрен“!Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека спорд Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна?
Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1.713 компании во руска сопственост.Задача на државните функционери е првенствено да се грижат за заштита на интересите на сопствената држава (доколку како таква ја чувствуваат), а не да спроведуваат туѓи агенди на штета на виталните интереси на нашите граѓани.